Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се урна ѕид од зграда, делови паднале и врз детски креветчиња

Се урна ѕид од зграда, делови паднале и врз детски креветчиња

Ѕид на зграда се урна во српскиот град Нови Сад, откако инвеститор на соседната парцела копал темели за изградба на друг објект.

Луѓето се спасувале за да не им се урне целиот објект, откако инвеститор ги поткопал темелите. 

Делови од ѕидовите паѓале и врз детски креветчиња, но повредени нема. 

Станарите се сместени во хотел на сметка на градската управа на Нови Сад. Полицијата и инспекцијата се на самото место за да ги утврдат причините за уривањето на надворешниот ѕид на зградата.

Инвеститорот кој ги поткопал темелите немал дозвола за градба, а требало да изгради зграда со 29 станови. Велат дека на оштетените граѓани им понудиле превоз и времено сместување, како и дека ангажирале агенција за недвижности за да им најде трајно сместување на станарите. 

Слично

Поврзани вести