Се укинуваат раните часови за шопинг во Грција заради штедење струја
Грчката влада размислува да го намали работното време на продавниците, со тоа што раните утрински часови во малопродажбата ќе се укинат, за да се заштеди електрична енергија, објави новинската агенција АНА-МПА.
За ова прашање се очекува да се разговара во среда, на 5 октомври, на состанокот помеѓу министерот за развој и инвестиции Адонис Георгиадис и претставниците на супермаркетите и SELPE (Грчката асоцијација за малопродажба).
Предлогот што е на дискусија и се однесува на можното намалување на работата на продавниците за 2 часа дневно се проценува дека ќе донесе намалување на потрошувачката на енергија за 50 отсто во дејноста или 5%-7,5% од вкупните дневни трошоци.
Слично
