Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се укинува концесијата на малите хидроцентрали на Шар Планина, ќе добијат обештетување

Се укинува концесијата на малите хидроцентрали на Шар Планина, ќе добијат обештетување

Владата на денешната седница ја усвоила информацијата да се раскинат договорите за концесија за седум мали хидроелектрични централи во Националниот парк Шар Планина.

Одлуката е донесена на иницијатива на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Малите хидроелектрични централи се лоцирани во зоните на строга заштита и на активно управување на Национален парк Шар Планина.

Договорите за концесија за користење на вода за производство на електрична енергија ќе се раскинат спогодбено. 

Се работи за МХЕ Љуботенска бр.66, МХЕ Љуботенска бр.67, Беловишка бр.107, Пена бр.82, МХЕЦ Лешочка 100 и Лешочка 101.

Хидроцентралите сепак ќе треба да се обештетат и да им се надоместат нивните реално направените трошоци за реализација на договорите и уплатените трошоци на име на Концесијата

Покрај наведените, со посебна информација доставен е предлог за спогодбено раскинување на Договорот за концесија за МХЕЦ Шеличе со реф.бр. 91, лоцирана на подрачјето на НП Шар Планина, во зоната на одржливо користење, при што е постигната согласност на Концесионерот да му се врати уплатениот концесиски надоместок.


Слично

Поврзани вести