Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се трудите да заштедите некој денар? Еве каде најчесто грешите

Се трудите да заштедите некој денар? Еве каде најчесто грешите

Еве кои навики практично го саботираат вашето штедење:

1. Премногу се ограничувате

gragjanite-vo-banka-chuvaat-194-milijardi-denari-190425

Моментот кога го имате испланирано вашиот буџет до последниот денар, создава контра ефект на штедењето. Тоа е исто и со напорните диети во исхраната, кога не си дозволувате никакво задоволство, па по неколку дена ,,измачување'' се откажувате од диеата и јадете се што сте пропуштиле.Нешто слично може да случи и кај премногу строг буџет. За да не дојде до тоа, дајте си малку слобода во вашиот буџет. Тргнете пари за забава и за ваши слатки задоволства.

2. Има намаление, морам да го купам!

popusti1 Има еден интересен прихолошлки момент кај луѓето, а тоа е нивното импулсивно купување производи само затоа што се на намаление. Тие купуваат производи по намалени цени, дури и кога воопшто не им се потребни, тргнувајќи од помислата ,,ќе ми се најде некогаш". Ваквиот начин на купување, го троши вашиот буџет кој сте можеле да го потрошите многу попродуктивно.

3. Купувате повеќе за да добиете попуст

download (8) Тоа е финта на малопродажните синџири кои се обидуваат да ги натераат потрошувачите да трошат повеќе, па така ви нудат поголем број производи со одреден попуст, за разлика од цената што би ја платиле кога би купиле само еден производ. На тој начин, за да го добиете попустот, повторно паѓате во искушение да купите производи што никогаш нема да ги искористите.

4. Долгорочни претплати

416 Однапред се обврзувате да плаќате некој производ или услуга, за кој не знаете дали ќе имате желба по некој период. На пример, договор за претплата за фитнес. Плаќате месечна претплата, иако во тој месец не сте имале време да вежбате редовно. И повторно трошите пари непродуктивно.

5. Премногу штедите

0,,17189379_303,00

Самото штедење е добра карактеристика кај луѓето, која лесно може да премине во опсесија. Претераното штедење може да создаде контра ефект и да пропуштите премногу задоволства само поради парите. Немојте да се доведете во ситуација да се лишите себе си од нешта кои ги сакате, на сметка на парите.

Слично

Поврзани вести