СЕ ТРЕСЕШЕ БАЛКАНОТ: Два земјотреси ја погодија Албанија и Словенија
Два земјотреси на Балканот се регистрирани утрово на Балканот - во Албанија и Словенија.
Првиот земјотрес е почувствуван во Албанија во 7.26 наутро, по локално време. Земјотресот бил со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот е почувствуван и кај нас , како и на север во Црна Гора. Епицентарот на потресот се наоѓа на 36 километри источно од главниот град Тирана.
Час и половина подоцна, во 8.53 часот во Словенија, исто така е регистриран земјотрес со интензитет од 4,7 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на потресот се наоѓа на околу 35 километри од главниот град Љубљана, во реонот на Брежица.
Земјотресот бил почувствуван и во Хрватска.
Слично
