Се тресе Јонското Море, земјотрес и во Македонија
Десет потреси денеска имаше во Јонското Море, и неколку вчера.
Но, најлошото допрва доаѓа.
Најсилниот земјотрес од 6,8 степени според Рихтер го почувствувале граѓаните во Македонија, Албанија и Италија.

Првиот земјотрес е регистриран половина час по полноќ и бил со јачина од 5,1 степен, а најсилниот бил неколку минути пред еден часот рано утрово, со јачина од 6,8 степени.
Епицентарот на земјотресите е на педесетина километри југозападно од Закинтос на длабочина од 10 и 12 километри.
Грчките медиуми пишуваат дека снабдувањето со електрична енергија на островот е прекинато, имало материјални штети, а исплашените жители излегле на улиците. Засега нема подетални информации за евентуално повредени.
Тревога за цунами е издадена денеска на брегот на Средоземно Море по земјотресот од 6,8 степени во Грција, објави Европскиот сеизмолошки центар.„Нивото на морето се менува во близина на Грција и се формира цунами“, стои во пораката испратена на Твитер.
Постои страв дека брановите би можеле забрзано да пораснат и затоа е побарано од луѓето да останат подалеку од плажите.
