Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се трага по маж која исчезна при невремето во Грција

Се трага по маж која исчезна при невремето во Грција

Силно невреме ја зафати Грција, при што едно лице исчезна. 

Обилен дожд и силен ветер синоќа имаше во делови на Грција, и тоа создаде низа проблеми. Потивпожарната служба интервенираше за помош на граѓани, а едно лице исчезна на островот Евија, јави дописничката на МИА од Атина. Спасувачките екипи почнаа потрага по исчезнат маж на планината Дирфи на Евија, а акцијата продолжува и денеска.  На Кефалониjа од силниот ветер се урна покрив на пристаништето, по што интервенираа пожарникари за спасување на две лица, додека пак во Атина, седум возила, доцна синоќа беа заглавени во поплава предизвикана на булевар и спасени се пет лица.  Противпожарната служба на Грција примила 157 повици за помош, од кои 133 биле од областа Атика, поширокиот дел на Атина. На островот Хиос утрово, траект со над 300 патници не можеше да се закотви на пристаништето. Во Грција ова не е прв пат да има невреме. Често пати има и жртви. На почетокот на оваа година кај јужниот сосед имаше и снежно невреме. Лани во октомври маж загина во невреме во Грција. 

Слично

Поврзани вести