Се топи невработеноста во овие две држави
Две држави од ЕУ успешно ја намалуваат невработеноста.
Пазарот на труд во Австрија полека закрепнува и невработеноста паднала за 2,6%, соопшти Министерството за труд.
Кон крајот на април во Сервисот за вработување се пријавени 413,68 илјади невработени, што е за 2,6% помалку во однос на истиот месец лани.
Националната стапка на невработеност се намали на 8,6%.
Според Еуростат, стапката на невработеност во Австрија изнесува 5,9%, што е далеку под просекот на ЕУ, што е на 8%.
Добри резултати на ова поле има и Унгарија.
Стапката на невработеност во Унгарија падна за 1,5 процентни поени на 4,5% во периодот јануари-март.
Слично
