Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се топи невработеноста - без работа се 215.807 луѓе

Се топи невработеноста - без работа се 215.807 луѓе

Се топи невработеноста во Македонија. 

Стапката на невработеност во второто тримесечје годинава изнесува 22,6% и во однос на претходниот квартал бележи намалување од 0,3%. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, невработеноста во првиот квартал изнесувала 22,9 %, а во последниот квартал од 2016 година 24%.

Објавените податоци покажуваат дека бројот на активното население на второто тримесечје изнесува 955.699 лица од кои вработени се 739. 892, а 215.807 лица се невработени. 

Меѓу невработените, 62% или 133.766 лица се мажи, а 38% или 82.041 се жени. Според возраста, најмногу невработени има во групата  од 25 до 49 години и тој број изнесува 137.859 лица или 63,9%. Најмногу невработени има меѓу лицата со средно образование од четири години 113.403 лица.

Кај вработените податоците покажуваат дека најголем дел се вработени во преработувачката индустрија 143.711 лица, потоа земјоделство, шумарство и рибарство каде се вработени 120.304 лица, трговијата на големо и мало 106.836 лица.

Слично

Поврзани вести