Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се „топи“ ли средната класа во ЕУ?

Се „топи“ ли средната класа во ЕУ?

Средната каса во Унијата се намалува, констатира извештајот на Меѓународната организација на трудот (МОТ). 

Причините се падот на вработеноста, намалување на платите во јавниот сектор, слабеењето на механизмите за потпишување на колективни договори. Кон средната класа експертите ги вклучуваат и луѓето чии приходи претставуваат од 80% до 120% од просечниот приход по глава на жител во една или друга земја, потсетува МОТ. Во ЕУ на овој критериум одговараат 23% до 40% од семејствата. Според истражувањето на МОТ меѓу 2004 и 2011 години средната класа во ЕУ е намалена за 2,3%, а според последните податоци оттогаш тоа намалување продолжува. За време на глобалната финансиска и економска криза, особено меѓу 2008 и 2011 годиниа, приходите на средната класа се намалиле. Поради економскиот пад оваа група е намалена во земји како Грција, Шпанија, Естонија, Кипар и Португалија. Во Централна и Источна Европа растот на средната класа беше запрен од кризата,  а во голем број на други држави, особено во Германија, ерозијата на средната класа беше забележана пред кризата, и тоа постепено годишно со 3%. 

Во земјите каде оваа класа продолжува да постои,  посебно во Данска и Шведска, во многу од семејствата работат две лица, се забележува во извештајот.

Се додава дека семејство кое живее со една плата не спаѓа во средна класа. 

Слично

Поврзани вести