Се топат странските депозити во Катарските банки
Банкарскиот сектор на Катар исто така претрпува голема штета откако земјата влезе во ладен конфликт со своите соседи од Персискиот залиф кои целосно ја блокираат поради наводна поврзаност со терористички групи. Според последните податоци бројот на депозити на странски клиенти во Катар е намален за 7,6 проценти
Депозитите на странски клиенти во катарските банки, најмногу девизни депозити, во јуни се намалија на 170,6 милијарди ријали (46,9 милијарди долари), во споредба со 184,6 милијарди ријали во мај, што претставува пад од 7,6%.
Падот од 14,0 милијарди ријали чини 7,6% странски депозити во катарските банки или 1,8% од нивните вкупни депозити.
Податоци, исто така, покажа дека заемите на катарските банки од странските банки паднаа на 46,4 милијарди ријали, во споредба со 51,8 милијарди ријали во претходниот месец.
Банките во Катар како одговор на кризата го намалија кредитирање спрема странство, па нивните побарувања спрема банките надвор од Катар паднаа на 93,8 милијарди ријали, во однос на 102,2 милијарди долари во претходниот месец.
Уште пострашна е изјавата на гувернерот на катарската народна банка Шеик Абдула бил Саад ал Тани кој проценува дека Катар за време на кризата изгубил 6 милијарди долари кои ја напуштиле земјата.