Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се топат парите на Исламска држава-Се помалку луѓе и нафта!

Се топат парите на Исламска држава-Се помалку луѓе и нафта!

Приходите на Исламска држава и бројот на луѓе кои живеат на теритиријата под контрола на таа џихадистичка организација паднаа за околу една третина.

Тоа го покажала анализата на американската агенција ХИС , која тоа го смета за закана на долгорочното владеење на ИД во нејзиниот самопрогласен калифат.

Месечните приходи на ИД во март паднале на 56 милиони долари од околу 80 милиони долари од средината на минатата година, соопштува оваа агенција, пренесе Ројтерс.

Истовремено дневното производство на нафта на тероторијата под контрола на џихадистите паднало на 21 000 од 33 000 барели, после оштететните рафинерии во воздушните удари на коалицијата на чело со САД.

„Исламска држава е и понатаму сила во регионот, но падот на приходите е значаен податок и на таа организација ќе и отежне да владее со својата територија на подолго време“, се наведува во извештајот на висок аналитичар на IHS Лудвико Карлино.

Покрај тоа, територијата под контрола на џихадистите од средината на 2014 досега е намалена за околу 22 одсто, додека бројот на жители на таа територија паднал на околу шест милиони од девет милиони.

„Има помалку жители и бизнис активности кои ИД би можела да ги оданочува, а истото се однесува и на имотот и земјата која џихадистите би можеле да ја конфискуваат“, наведува аналитичарот Коламб Стрек.

ИД остварува околу 50 одсто од своите приходи со оданочување и конфискација, 43 одсто од продажба на нафта, а остатокот од трговија со дрога и продажба на енектрични енергии и донации, се наведува во извештајот.

IHS навеудува и дека џихадистите вовеле можност граѓаните осудени на физичка казна да бидат поштедени во замена за пари, што укажува на финансиски проблеми во кои се наоѓа ИСИС.

Слично

Поврзани вести