Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ СТРЕСЕ МОСТАР: Карпи паднаа во дворовите на луѓето

СЕ СТРЕСЕ МОСТАР: Карпи паднаа во дворовите на луѓето

Земјотрес имаше денеска во Мостар во Босна и Херцеговина (БиХ) по што паднале карпи во дворовите на луѓето. Сеизмолошката служба на Сојузниот хидрометеоролошки завод објави дека земјотресот се случил во 10 часот и 29 минути, а јачината на земјотресот била 4,3 степени според Рихтеровата скала.

Две училишни згради во Груде се евакуирани по земјотресот, но учениците по дваесетина минути се вратиле на настава.

Најголема штета е забележана во месноста Грудски Врил, каде огромна карпа се урна во дворот на семејна куќа. Во овој инцидент нема повредени. Пукнатини на ѕидови и поместување на ќерамиди се забележани и во неколку станбени згради.

Потресот го почувствувале и во Хрватска. Деновиве земјотреси имаше во Грција и Турција. 

Слично

Поврзани вести