Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ СТРЕСЕ ЈАДРАНОТ: Испукаа згради од потресот

СЕ СТРЕСЕ ЈАДРАНОТ: Испукаа згради од потресот

Земјотрес од 4,7 степени го зафати централниот дел на италијанската страна на јадранскиот брег, објави италијанскиот Национален институт за геофизика и вулакнологија.

По првиот потрес, се случил уште еден помал земјотрес со јачина од 2,3  степени.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Монтечилфоне, на длабочина од 19 километри, а се почувствувал во 23.48 часот, пренесува Анса.

Нема податоци за жртви, но земјотресот доведе до оштетувања и пукнатини на зградите. Многу домаќинства останаа без струја.

Во истиот реон во областа Кампобасо во април годинава беше регистиран земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтер.

Слично

Поврзани вести