Се стресе Хрватска, но и Италија
Земјотрес денеска е почувствуван во Хрватска, но и во делови од Италија. Потрес со јачина од 4,5 степени е почувствуван во Далмација и Италија. Се стресе островот Вис.
Во 8.35 часот е регистриран уште еден земјотрес на Јадранот, со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил на 110 километри јужно од Сплит и 57 километри јужно од Вис. Денеска рано наутро се регистрирани два нови земјотреси на Јадранот. Првиот со јачина од 3,1 степен се случил во 5 часот, со епицентар на 65 километри северозападно од Виеште во Италија. Вториот земјотрес бил во 7,51 часот со јачина од 3,2 степени, со епицентар на 48 километри југоисточно од Вис и 100 километри јужно од Сплит. Деновиве повторно се тресе Хрватска. Во регионот земјотресите се честа појава и во Грција.
