Се стресе Бодрум, граѓаните во паника
Земјотреси од 4,8 и 4,2 степени го погодија денеска туристичкото место Бодрум во Турција, соопшти истанбулската Сеизмолошка опсерваторија.

Епицентарот на земјотресот бил во селото Панарлабелен и предизвикал паника кај жителите.
Засега нема информации за евентуални жртви ниту за материјална штета.
Во реонот на Бодрум на 21 јули имаше земјотрес од 6,6 степени по Рихтер.
Турција е земја која скоро секој ден има послаби потреси.
Слично
