Се стопира приемот на нови бегалци во Гевгелија
Се затвара балканската рута за бегалците, поради што од полноќ нема прием на нови бегалци во Прифатниот центар во Гевгелија.
Ова следи по најавата на Словенија, а потоа и на Хрватска и Србија, дека нема да примаат бегалци без валидни визи и пасоши, во согласност со одлуката за примена на новиот режим во Шенген зоната. Со оваа мерка нерегуларниот проток на бегалци е завршен. Македонија како што претходно изјави министерот за надворешни работи, Никола Попоски сите мерки ќе ги усогласува со ЕУ и реципрочно ќе ги применува на своите граници.
Во Прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија повеќе од 50 часа, нема прием на нови бегалци.
Во кампот во Табановце престојуваат 1.050 луѓе, а заедно со оние од меѓузоната вкупниот број на бегалци изнесува 1.500 луѓе. Од УНХЦР нагласуваат дека проблем е што бегалците се наоѓаат на отворено, на дожд и студ.
Слично
