СЕ СТОПИЈА ДРЖАВНИТЕ РЕЗЕРВИ: За еден месец пад од 177 милиони евра!
СЕ СТОПИЈА ДРЖАВНИТЕ РЕЗЕРВИ: За еден месец пад од 177 милиони евра!
Се намали нивото на државните девизни резерви, Според новообјавените податоци на монетраната власт, заклучно со крајот на ноември, вкупната вредност на резервите изнесувала 2,5 милијарди евра. Само за еден месец, или во споредба со октомври, нивото се намалило за 177,5 милиони евра.
Од Народната банка велат дека ова намалување на емсечно ниво било како резултат на отплата на дел од државните долгови кон странство.
"Намалувањето на девизните резерви во најголем дел е резултат на раздолжувањето на Република Македонија кон меѓународните кредитори и намалување на севкупниот долг на Република Македонија, нешто што веќе беше најавено и од Министерството за финансии. Дополнително, беа вратени достасани девизни депозити на домашните деловни банки пласирани во Народната банка во периодот од мај 2016 година наваму.", обајснуваат од Народната банка.
Според податоците, во единаесеттиот емсец намалување има кај девизните резреви во конвертибилни странски валути, па така тие од 2,4 милијарди евра во октомври, се намалиле на 2,2 милијарди евра или само за еден месец има намалување од 168 милиони евра.
Пад има и резервите во злато, чија вредност во ноември изнесувала 248,3 милиони евра, за разлика од октомври ога вредноста на златните резерви била 258,0 милиони евра.
