Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се стега обрачот околу Субрата Рој: Индија ќе ги одзема пасошите на директорите на Сахара?!

Се стега обрачот околу Субрата Рој: Индија ќе ги одзема пасошите на директорите на Сахара?!
Индиското регулаторно тело СЕБИ побара од судот да ги одземе пасошите на првите луѓе на компаниите од Сахара Груп. Адвокатот на СЕБИ, Арвинд Датар, пред судот на вчерашното рочиште изјави дека „Сахара“ компаниите не ги испочитувале директивите на судот, пишуваат индиските медиуми. „Од групацијата мора да биде побарано да го платат преостанатиот износ веднаш. Нема потреба од дополнително сослушување. Ако аргументацијата не е завршена,, тогаш парите мора да се платат", се изјасни советот на СЕБИ. Датар, исто така, побара привремено одземање на пасошите на директорите на компаниите, заради нивна достапност кон судските органи. Сметките на милијардерот се замрзнати бидејќи Врховниот суд во Индија пресуди дека Субрата Рој, преку неговите компании измамиле неколку милиони граѓани со становите што ги продавале. Поради ова  Врховниот суд ја задолжи компанијата да го  врати долгот од 3 милијарди евра со 15 проценти камата за измамени граѓани. Според судскиот налог компанијата на Субрата Рој требаше да ги врати парите во рок од три месеци, а на барање на компанијата дозволено било долгот да се врати на три рати. Сепак според пишувањата не медиумите во Индија, Сахара Груп ја платила само првата рата што е една само една петтина од долгот. Останатите две рати не се платени, поради што следуваше замрзнувањето на сметките.
Слично

Поврзани вести