Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ СТЕГА ОБРАЧОТ ОКОЛУ ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ: Власта им подготвува поголема контрола за трошењето на јавните пари

СЕ СТЕГА ОБРАЧОТ ОКОЛУ ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ: Власта им подготвува поголема контрола за трошењето на јавните пари

Владата ќе го стега обрачот околу државните институции. Цел се јавните трошења, ама и расходите кои институциите ги добиваат од ЕУ фондовите, дознава Фактор. За таа цел се подготвува нов Закон за финасиска инспекција во јавниот сектор. Со одредбите на Законот треба да се зголеми контролата, злоупотребите и нетранспарентноста во трошењата на јавните пари. Намерата веќе е објавена и на Електронскиот национален регистар на прописи.  

„Целта на овој закон е да ги заштити јавните финансиски интереси во финансиското управување со средствата на државниот буџет, буџетите на единиците на локалната самоуправа и средствата од други јавни извори како и средства на ЕУ фондовите, со утврдување на законитоста на нивното користење во согласност со посебните прописи кои ја пропишуваат надлежноста за спроведување на финансиска инспекција, објаснува законодавецот.

Инаку се тврди дека имало сеопфатна анализа на целокупната законска регулатива поврзана со постапувањето на Финансиската инспекција во јавниот сектор, на досегашното искуство и проблемите кои биле детектирани во работењето на Финансиската инспекција во јавниот сектор. Таа контрола покажала дека има неусогласеност на постојниот Закон за финансиската инспекција во јавниот сектор со системските закони како што се Законот за прекршоците, Законот за општата управна постапка и Законот за инспекциски надзор, кои ја регулираат областа на постапување на финансиската инспекција. 

Поради тоа, но и од компаративната анализа на начинот на функционирање на финансиската инспекција кај земјите членки на ЕУ, се тврди, се наметнала потребата од подготовка на нов закон за финансиската инспекција во јавниот сектор во насока на подобрување на ефикасноста и ефективноста на финансиската инспекција при вршење контрола на користењето на јавните финансиски средства кај субјектите од јавниот сектор и користењето на финансиските средства од ЕУ фондовите.

Нема детали за тоа кога треба да биде готов законот и како ќе се спроведува, дали ќе има и санкции. Познавачите велат дека е добро што се пристапува на ова, ама се сомневаат дали ќе има некој конкретен ефект.

А.Т.


Слично

Поврзани вести