Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се става крај на децениските стечаи: Компаниите или ќе се продадат или ќе се разделат на доверителите

Се става крај на децениските стечаи: Компаниите или ќе се продадат или ќе се разделат на доверителите
Ќе се расчистуваат стелаите на околу 300 компании каде стечајна постапка е отворена меѓу 1989 и 2011 година. Со законските измени усвоени од Владата минатата седмица, ќе биде дозволено да се направат најмногу два обиди за продажба на имотот. Протоа, ако и по вториот обид имотот остане непродаден, тогаш ќе се распределува на доверителите. „Доколку се случи првиот обид да биде неуспешен, ќе се спроведе уште максимум уште една продажба, значи нема да има бесконечен број на продажби како што беше досега, а доколку и вториот обид биде неуспешен тогаш имотот процентуално ќе се подели и ќе се распредели на доверителите кои пријавиле штета“, појасни министерот за економија Ваљон Сарачини кој денеска ги презентираше измените. Според Сарачини, на овој начин ќе се придонесе и за зголемување на вредноста на имотот бидејќи со решавање на статусот на објектот ќе се постигне повисока цена. Со овој закон ќе се решат стечаите стечајните постапки за компаниите како Маврово, ТИПО, делови од Железара и МЗТ, Центро, Порцеланка, но и случаи како Фиком. Планот е сета постапка да заврши во рок од 70 дена. Притоа, појаснуваат од Министерството за правда, конкретно се предвидени роковите кога мора да бидат завршени судските спорови. Ова е направено, вели Билјана Божиновска – Бришковска, заменик министер за правда , за да не дојде и до злоупотреба за стечајниот управник и изигрување на доверителите. Овие спорови поради нивните неутврдени имотно-правни работи траат многу долго, некои од нив и по 15 години поради што донекаде го ограничуваме постапувањето на судовите. Дадени се рокови дека првостепениот суд треба да ги заврши почнатите постапки во рок од 60 дена, за второстепениот и Врховниот суд роковите се 45 дена. Рокови се дадени и во делот на Управниот и Вишиот суд, како и во делот на органите на државната управа кои одлучуваат за одредени права и тие се регулирани на 45 дена од влегување во сила на законот“, вели Божиновска-Бришковски. Доколку не го испочитува рокот, тогаш стечаен судија ќе му ја одземе лиценцата на управникот. Агенцијата за катастар и недвижности пак, ќе рок од 30 дена откако судот ќе достави барање, ќе треба да изврши премер на објектот кој е предмет на стечај и да изготви геодетски елаборат. Се очекува законот во брзо време да влезе во собраниска процедура и да стапи на сила.
Слично

Поврзани вести