Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се сретнувале во паркот кај Свети Сава и планирале убиство на Вучиќ или син му Данило

Се сретнувале во паркот кај Свети Сава и планирале убиство на Вучиќ или син му Данило

Kрминалците добро знаеле каде претседателот на Србија, Александар Вучиќ е најранлив. Тие планирале убиство на неговиот син Данило. Членовите на мафијашката група на Никола Вушовиќ Џони, работеле на подготовката на атентатот на Вучиќ, а сериозно размислувале и за убиството на постариот син на претседателот.

Во текот на истрагата на т.н „Врачарска“ група е утврдено дека активно го следеле Данило и си разменувале пораки преку апликацијата „Скај“ во кои разговарале дали да го убијат претседателот или син му. Тие разговорале дека син му е многу полесна мета и додека ефектот на убивање би бил ист, пишува „Информер.

„Ако го свиткаме малиот, тогаш и старецот ќе  заврши. Мислам дека е најдобро, многу е полесно да го убиеме малиот  тогаш е готово! Тоа е крајот…“, гласи една од пораките.

Мафијашката група  дознава „Република,рс,  имала договорено место за тајни средби и тоа е паркот во непосредна близина на храмот Свети Сава. 

На 11 месецов српската полиција уапси криминална група од 17 луѓе. 

Слично

Поврзани вести