Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се спушти руската рампа за овошје и зеленчук од Албанија

Се спушти руската рампа за овошје и зеленчук од Албанија
Русија го забрани увозот на овошје и зеленчук од Албанија, откако биле откриени повеќе обиди европски производи преку оваа земја да се реекспортираат на рускиот пазар. Албанија, слично како и Македонија, се соочуваше со обвинувања од руските власти дека го крши руското ембарго за храна од Европа, но албанските власти не успеале да докажат дека извезените производи се албански. Албанската страна не ги доставила потребните документи и не презела мерки за да се спречат вкавите испораки. „Албанската страна достави 21 потврда за фитосанитарна исправност од кои 20 потврди беа фалсификати. Врз основа на тоа, заклучивме дека Албанија се користи за испорака на производи од ЕУ во Русија“, објави руската инспекција. Забраната на официјална Москва се однесува на целото овошје и зеленчук кое се извезува од Албанија или од трети земји преку Албанија.  
Слично

Поврзани вести