Се спрема трансфер на работници од Железници, ќе ги правеле чувари во ЗОО и по музеи!
Стотина работници од Македонски железници - инфраструктура ќе бидат префрлени во други јавни прептријатија, а на нивно место ке дојдат работниците од Ремонт на пруги, обвини Синдикатот на МЖ инфраструктура од каде велат дека нивни работници со 30 години работен стаж без да бидат консултирани, државата сака од железничари да ги прави чувари во Зоолошка градина и работници во театри и музеи.
Инаку ова реакција на дојде откако дознаа се планира дел од работниците од Ремонт на Пруги, Македонски железници сакаат да ги префрлат во МЖ инфраструктура, додека тие од Инфраструкрура пак ке се распоредувале по други јавни претпријатија.
„Нема никава логика, ако се планира 90 луѓе како технолошки вишок да одат, а на нивно место да се вработат други. Бараме вработувањето на луѓето од Ремонт на пруги да не биде на штета на другите вработени. Државата нека им ги понуди работните места што им ги дава на нашите вработени на оние од Ремонт на пруги и така нека го реши прашањето со нив“, велат од синдикатот на Македонски железници - инфраструктура“
Слично
