Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се спрема „Појадок на мост“: Викендов ќе бидат затворени Камениот мост и мостот „Око“

Се спрема „Појадок на мост“: Викендов ќе бидат затворени Камениот мост и мостот „Око“
Заради подготовка и одржување на манифестацијата „Појадок на мост“ од сабота навечер ќе бидат затворени Камениот мост и мостот „Око“, соопшти Град Скопје. Двата моста ќе бидат затворени за движење од сабота во 18 часот до недела во 13 часот, односно до завршувањето на манифестацијата и расчистувањето на мостовите. Традиционалната манифестација „Појадок на мост“ треба да се одржи в недела од 9 до 11 часот. Оваа манифестација на двата моста се организира по петти пат, во соработка со Средното угостителско училиште.
Слично

Поврзани вести