Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ СОЗДАВА ПАНИКА: Ќе има нова криза?

СЕ СОЗДАВА ПАНИКА: Ќе има нова криза?

Осумнаесет добитници на Нобеловата награда за економија на прашањето на весникот Велт велат дека ќе има нова економска криза. 

Едвард Прескот, кој ја доби наградата во 2004 година објаснува дека кризата ќе се случи брзо. 

Нобеловците еднаш годишно се собираат за да дискутираат на актуелни теми, а оваа година средбата беше на Боденско езеро во Германија. 

Тие велат дека за политичарите новата криза е неважна тема поради тероризмот, односите меѓу САД и Северна Кореја, и други настани. 

Ерик Маскин добитник на Нобелова награда за економија од 2007 година вели дека политиките на американскиот претседател, Доналд Трамп само ќе ја забрзаат кризата. 

Има песимизам и за еврото за кое се смета дека ќе им нанесе штети на земјите членки на еврозоната. 

Дел од нив сметаат дека еврото сепак може да просперира. 

Слично

Поврзани вести