Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се создава нов светски енергетски поредок, а една валута ќе биде губитник

Се создава нов светски енергетски поредок, а една валута ќе биде губитник

Се создава нов светски енергетски поредок, а во трговијата со нафта доларот го губи приматот во однос на јуанот, пишува Фајненшл Тајмс, пренесуваат медиумите од регионот. 

Кина сака да ги „препиша правилата на глобалните енергетски пазари“. Тоа значи дека во кинеската валута ќе се тргува со нафтата. Извесно време Кина купува нафта и течен природен гас од Иран, Венецуела, Русија и делови од Африка во сопствена валута, и состанокот на претседателот Си Џипинг и лидерите на Саудиска Арабија и Сојузот за соработка во Заливот на арапските земји во декември го одбележа „раѓањето на петројуанот“, вели аналитичарот Креди свис Золтан Позсар. Во следните три до пет години Кина не само што ќе го зголеми увозот туку и ќе има  енергетска соработка. Тоа би значело истражувања и производство во Јужното кинеско море, но и вложувања во рафинерии, хемикалии и пластика. Кина се надева дека сето тоа на Шангајската берза ќе биде платено во јуани, што ќе значи огромно поместување. Русија, Иран и Венецуела сочинуваат 40 отсто од докажаните резерви на нафта на ОПЕК плус, а сите тие на Кина продаваат нафта со попуст, додека другите 40 отсто се на Сојузот за соработка во Заливот на арапските земји.

Слично

Поврзани вести