Се создава цел град: Што градат Германците во Унгарија?
Инвестицијата која ја договорила германската фирма „Fakt AG“ во Унгарија по обем може да се мери и со најголемите индустриски вложувања.
Се создава цел град со огромни површини наменети за интензивно земјоделство.
Како што е објавено оваа недела, германската компанија „Fakt AG“ планира да вложи околу милијарда евра и цело едно земјоделско подрачје, заедно со погон на преработка, логистика и сместување на работнци.
Избрани се две општини на северозападот од земјата, недалеку од Австрија и Словачка во кои веќе постојат одлични сообраќајни врски.
Како што пренесуваат српските медиуми, од германската фирма нагласуваат дека и самата површина на подрачјето од околу 330 хектари, покажува дека се работи за исклучителна инвестиција.
Само стаклениците ќе се простираат на околу 30 хектари, а во нив би требало да се одгледуваат пиперки, домати, патлиџан и зачински билки. На околу 50 хектари отворена површина се планираат засади од шпаргли и бобесто овошје.
