Се создаде забуна, грчки сој не постои
Не постои грчки сој на коронавирусот, сојот откриен во Атина е нигериски.
„Не постои ниту грчка, ниту атинска варијанта на ковид-19“, вели професорот по хигиена и епидемиологија Гикас Мајоркинис во интервју за грчка То вима.
Тој вели дека варијантата што неодамна е најдена кај случаитево центарот на Атина е нигерискиот сој, кој беше изолиран пред февруари. Мајоркинис соопшти дека има околу 1.000 потврдени случаи со нигерискиот сој и тие не се откриени со случајно земање примероци, туку со тестирање на одбрани групи.
За нигерискиот сој, рече дека досега пациентите што се вакцинирани, па се заразиле, поминале добро, иако повеќето се постари граѓани.
Инаку, македонскиот војник кој се врати заразен од Африка беше инфициран со нигерискиот сој.
foto freepik
