Се создаде најголемата банкарска институција во Грција!
Откако „Националната банка на Грција“ денеска потврди дека е завршeн процесот на преземање на ривалската „Еуробанк“, се создаде најголемата банкарска институција во земјата. Каkо што стои во соопштението, над 64 илјади акционери на „Еуробанк“ се согласиле на замена на акциите, со што на грчката Национална банка и беше овозможено да стане сопственик на 84% од хартиите од вредност на помалата банка.
„НБГ и „Еуробанк“ ги здружија силите и ја формираа најголемата банкарска групација во земјата, која ќе биде во состојба успешно да се справува со предизвиците на грчкиот монетарен и кредитен систем“, изјави денеска извршниот директор на НБГ, Александрос Турколијас.
Според најавите, тргувањето со акциите на новата обединета банка на Атинската берза ќе започне на 27 февруари. Инаку лани грчката Национална банка забележа загуба од 2,45 милијарди евра, додека „Еуробанк“ во првите три квартали од 2012 имаше нето загуба од над 1 милијардa евра.
