Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се сослушуваат заштитени сведоци во случајот „Диво насеље“

Се сослушуваат заштитени сведоци во случајот „Диво насеље“

Во Кривичниот суд денеска сведочат заштитени сведоци, полициски службеници кои учествувале во вооружените дејствија во „Диво насеље“ во Куманово.

Поради сведочењата на заштитените сведоци, судот го затвори судењето за јавноста. Судењето ќе биде отворено за јавноста по завршување на сослушувањето на заштитените сведоци. Во судот претходно беа читани исказите на сведоците кои веќе беа дадени на главната расправа за предметот, пред да биде споен со предметот „Молња“ за обвинетите за логистичка поддршка на кумановската група.

Од Косово минатата недела беше екстрадиран обвинетиот Сулејман Османи. Тој треба да седне на обвинителна клупа заедно со останатите 37 обвинети од двата предмети што сега се водат како единствен предмет. Лани на 9 и 10 мај во Куманово групата уби 8 полицајци и рани скоро четириесет.

Слично

Поврзани вести