СЕ СОМНЕВААТ ВО КРАЖБА: Златото од трезорите го изнесувале три дена
Три дена со возила го изнесувале златото од трезорите во Венецуела.
Претседателот Николас Мадуро пред недела дена кажа дека „Банка на Англија“ замрзнала 80 тони злато кое што ѝ припаѓа на неговата држава. Мадуро се надеваше дека неговата држава нема да биде ограбена.
Но, тој во меѓувреме наредил повлекување на најмалку 8 тони злато од Централната банка на Венецуела. Има и такви кои сметаат дека Мадуро тоа го направил за да изнесе дел од златото надвор од државата. Сметаат дека надвор од земјата ќе се продава златото.
Еден од претставниците на опозицијата во парламентот на Венецуела, Анхел Даниел Алварадо Рангел, изјави дека златото е транспортирано со владини возила во процесот кој траел од средата до петокот.
Кризата во Венецуела зема замав во јануари кога опозицискиот лидер, Хуан Гуаидо се прогласи за привремен претседател и го повика актуелниот Мадуро да поднесе оставка.Владата на Венецуела забрани влез во државата на повеќе камиони кои носат стотина тони хуманитарна помош за земјата. На камионите, кои останаа на границата во Колумбија, има материјали испратени од САД, Бразил и Колумбија, пишува британски Би-би-си.
Официјални лица од САД, кои го поддржуваат самопрогласениот претседател и опозиционер Хуан Гуаидо, потврдија дека нивната земја понуди хуманитарна помош од 20 милиони долари за Венецуела, но по прекинувањето на меѓународните односи меѓу владите на двете земји, меѓународната помош е одбиена.
