Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ШТО ОСТАНАЛО ДА ЗЈАЕ, ЌЕ СЕ ДОИЗГРАДИ: Николоски најавува законски измени, еве што ќе се доградува

СЕ ШТО ОСТАНАЛО ДА ЗЈАЕ, ЌЕ СЕ ДОИЗГРАДИ: Николоски најавува законски измени, еве што ќе се доградува

Со законски измени ќе овозможиме да се доизградат патиштата, зградите во Универзитетскиот кампус, зградата на Народна банка и сите други заглавени проекти од претходната власт. Мораме да ги заштитиме државните интереси, напиша министерот за транспорт и врски, Александар Николоски.

„Во насока на заштита на државниот капитал и државните интереси, Министерството за транспорт направи измени на Законот за градење со кои измени се овозможуваат остварување на правата на градење кон јавните органи, односно се овозможува реализација на веќе започнатите градби на државните органи.

Измените на Законот за градење денеска беа изгласани на владина седница и согласно законските прописи ќе бидат испратени на разгледување и усвојување во Собранието.

Овие измени се насочени кон унапредување на процесите за издавање на одобренијата за градење и поедноставување на постапките за инфраструктурни проекти доминантно спрема јавните органи.

Целта на предложените измени е да се решат сите затекнати проблеми во текот на градбите, како и да се олесни користењето на објектите, со што ќе се овозможи побрза и поефикасна реализација на инфраструктурните проекти. На тој начин се овозможува реализација на веќе започнатите градби од страна на државните органи преку нивна доизградба и делот на ставање на употреба.

Со измените исто така се олеснуваат постапките за изградба на патна и железничка инфраструктура финансирани од буџетски средства.

Со предложените измени се прави и усогласување на Законот за урбанистичко планирање со Законот за градење во делот на новите градби за складирање на енергија до 1 и над 1 мегават, со тоа што со новите измени се прави законско регулирање на таквите градби преку издавање на одобрение за градење за кои што досега за нив немаше регулирана процедура.

Министерството за транспорт овие измени ги направи во тесна соработка со општините и јавните претпријатија, се со цел да се поедностави постоечката регулатива во областа на градежништвото и инфраструктурата.

Со сите овие измени сметаме дека ќе се создадат поповолни услови за реализација на капитални проекти“, напиша тој на социјалните мрежи.




Слично

Поврзани вести