Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ШИРИ ИНИЦИЈАТИВА ЗА ЕВТИНА СТРУЈА ЦЕЛ ДЕН - стручњаците велат, за тоа требаат најмалку три месеци

СЕ ШИРИ ИНИЦИЈАТИВА ЗА ЕВТИНА СТРУЈА ЦЕЛ ДЕН - стручњаците велат, за тоа требаат најмалку три месеци

На социјалните мрежи се шири петиција со која де од граѓаните бараат поддршка за да се обезбеди евтина тарифа на струјата во текот на целото деноноќие, додека трае вонредната состојба.

Оттаму велат дека опасноста од забрзано ширење на Корона вирусот е реалност.

„Затоа, ги поздравуваме здравствените мерки кои се преземени од страна на Владата и Министерството за здравство и наредбите за самоизолација на населението. Но, истовремено ја потенцираме опасноста од настанување нов проблем, а тоа е социјалната криза и сиромаштија која ќе ја предизвикаат здравствените мерки доколку не бидат навремено проследени со социјални мерки“, велат од Иницијативата.

Имено, задолжителноста на самоизолацијата, подразбира задолжително останување дома во текот на речиси целото деноноќие. Тоа значи повисоки режиски трошоци, односно повисоки сметки за струја, вода, греење и слично.

„Сето ова во ситуација кога граѓаните остануваат без работа поради затворањето на голем дел субјектите од производствените дејности и сите услужни дејности. Сето ова во ситуација кога сосема е за очекување да има семејства без ниту еден вработен во периодот кој престои...
Затоа бараме од Владата вонредната состојба да ја искористи преку донесување низа уредби со законска сила за помош на населението преку социјални трансфери. Но, пред да се донесат истите, неопходни се итни мерки кои треба да се донесат веднаш!
Во прв ред тоа е воведување евтина тарифа за струјата во текот на целото деноноќие, а со цел да се спречи негативниот економски ефект на самоизолацијата - зголемени износи на сметките за струја. Сметаме дека оваа мерка може да се донесе веднаш!“, напишале од Иницијативата.

Од оваа иницијатива бараат поддршка од граѓаните, и велат дека нивна цел е да достигнат минимум 35.000 потписници.

Стручњаците, пак, за Фактор објаснуваат дека таква одлука може да донесе само Регулаторната комисија за енергетика, како што беше и претходниот пат, пред околу две години.

Тогаш, објаснуваат познавачите, беа потребни три месеци да се ресетират сите броила, бидејќи е невозможмо сите 800 илјади корисници во исто време да имаат еврина тарифа. 

Ова значи дека треба да се посетат сите домови, и за тоа е потребно време од два до три месеци, нагласуваат упатените, што покажува дека во овој период една ваква иницијатива е невозможно да се реализира.

„Доколку има било каква промена во тарифниот систем за електрична енергија како што предлагаат со некои петиции, за истата би биле потребни неколку месеци за спроведување. Тоа подразбира интензивна работа на терен со директно пристапување и интервенција на сите броила во државата. Ова е опасно за ширење на вирусот и најмалку ќе се реализира 2 до 3 меаеци. Инаку, се работи за одлука што зависи од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, која ја регулира цената на електричната енергија за домаќинства, вклучувајќи ја и евтината тарифа“, објаснуваат стручњаците за Фактор.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести