Се селат мигранти од импровизираниот камп во Поликастро
Полицијата во Грција денеска започна со иселување мигранти од импровизиран камп во Поликастро на границата со Македонија.
Околу 300 полицајци учествуваа во операцијата за преселување на мигрантите.
Тие со автобуси ќе бидат префрлени во прифатни центри во регионот. Во импровизираната населба на околу 20 км од границата со Македонија имаше околу 1.800 мигранти.
Расчистувањето на кампот е дел од стратегијата на Грција да спречи концентрација на мигранти во лоши услови, а во земјата има повеќе од 50.000 мигранти. Поради акцијата, затворен е делот од автопатот од и кон Солун, а полицијата ги пренасочува возилата преку Кукуш.
И утре ќе се селат мигранти кои престојуваат во близина на автопатот.
Слично
