СЕ СЕ МЕНУВА: Најлошото за доларот допрва доаѓа
Доларот во наредните неколку месеци ќе изгуби пет отсто од вредноста, Фед наскоро нема да ја подига каматната стапка, а американскиот економски показател ќе биде само полош.
Тоа на клиентите им го порачал главниот стратег за валути Морган Стенли, Ханс Редекер, повикувајќи се на индикаторите кои покажуваат дека домашната побарувачка во САД ќе продолжи да бледнее во следните месеци.
Не требало долго пазарите да ги докажат неговите предвидувања. Зелената банкнота паднала 1,3 отсто во петокот, на затворањето на најлошата недела уште од април, откако Министерството за трговија објави дека растот на БДП во вториот квартал достигнал речиси половина од прогнозираното.
„Ние сме многу песимистични прво околу перспективата на американската економија.Кога ги погледнете нашите внатрешни показател, тие сугерираат дека силата на потрошувачката ќе почне да бледее“, изјавил Редекер.
Доларот во последните неколку недели ги собра добивките на шпекулациите дека ФЕД ќе ги подигне каматните стапки во наредните месеци, следејќи подобри отколку што се очекуваа податоци за вработување, малопродажба и индустриско производство.
Тие надежи ги развеаа претставниците на ФЕД минатата недела, после млаката декларација која сигнализира само постепени чекори кон цврста монетарна политика. Следел нов шок, кога два дена подоцна е објавено дека растот на БДП на годишно ниво изнесувал 1,2 отсто, а предвидувањата се дека ќе скокне за 2,5 проценти.
