Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се рушат рекорди: Колку бегалци влегле во Словенија за 24 часа?

Се рушат рекорди: Колку бегалци влегле во Словенија за 24 часа?

Над 12 600 имигранти пристигнале во Словенија во изминатите 24 часа, соопшти словенечката полиција, што е рекорд, надминувајќи го дури и оној регистриран во Унгарија во екот на кризата во септември.

Вкупно 34 131 имигранти влегле Словенија од саботата.

На 23 септември Унгарија, која оттогаш ги затвори своите граници, регистрира рекорден број од 10 046 бегалци на ден.

Словенечкиот министер за внатрешни работи, Весна Жнидар предупреди дека има „голема веројатност Австрија во многу кратки рокови да го прекине пропуштањето на бегалци“.

Според Жнидар „Австрија има многу големи проблеми со обезбедување на засолниште за огромниот број бегалци кои пристигнуваат во земјата“.

Таа не добила конечен одговор и сигнал за затворањето на границата со Словенија, но оваа можност останува отворена. „Ако Австрија го преземе овој чекор - за затворањето на границата, Словенија ќе биде принудена да го стори истото“, додала уште Жнидар.

Словенечката полиција вложува огромни напори за да се дојде до договор со Австрија за зголемување на бројот на мигрантите кои транзитираат низ Словенија, но многу е веројатно Австрија во најскоро време да престане да прифаќа мигранти, појаснила Жнидар. Таа ја утврдила состојбата во Словенија како многу тешка, што сепак се уште е под контрола.

Во 4.00 часот утринава словенечката полиција утврди дека огромни групи на мигранти минуваат пеш во т.н. „зелена граница“ во реонот на Ново Село. А само во изминатиот ден со пешачење во земјата пристигнале над 2.500 мигранти.

Властите во Љубљана соопштија дека од саботата до вчера во Словенија од Хрватска пристигнале 25 000 мигранти. Од 16-ти септември до синоќа од Србија во Хрватска пристигнале 214 474 лица, соопшти Министерството за внатрешни работи во Загреб.

Во исто време унгарскиот премиер Виктор Орбан категорично ја отфрли можноста за отворање на границата со Хрватска и Словенија. Сите овие мигранти треба да бидат вратени назад во Грција, повикал унгарскиот лидер.

Слично

Поврзани вести