Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се ревидираат финансиите, Словенија прави план за приватизација

Се ревидираат финансиите, Словенија прави план за приватизација
За две недели во парламентот на Словенија ќе биде доставен на разгледување планот за продажба на државни средства, вклучувајќи го овде и банките, соопшти на денешната прес-конференција премиерот на земјата Аленка Братушек. „Веднаш ќе започнеме процес на приватизација на една или две компании, мојата желба е барем една од нив да е банка", посочи Братушек која додаде и дека се работи програмата за стабилизација и реформа која по 9 мај ќе биде пратена во Брисел. „Свесни сме дека немаме на располагање недели ниту месеци, туку само денови“, рече словенечката премиерка. Земјата беше ставена под сериозен притисок од пазарите, а економистите сметаат дека ќе биде следната држава од еврозоната која ќе побара спасувачка помош од европските партнери. Словенија треба да собере околу 3 милијарди евра оваа година за да ги рекапитализира банките контролираните од државата , да ги плати долговите и да покрие дел од дефицитот. Досега властите беа воздржани за приватизацијата на банките, но проблематичните кредити се повеќе тежат. Освен тоа, извозно ориентираната економија на земјата поднесе тежок удар поради намалувањето на побарувачката во кој заглавил во долгови еврозона. Во обид да ги смири пазарите словенечкото Министерство за финансии соопшти дека планира да одржи аукција на 18-месечни државни записи за 500 милиони евра, иако оваа недела веќе пропадна една аукција. Идејата е со овие приходи Словенија да се раздолжи со дел од достасаните обврски. Според Братушек,  буџетот за 2013 година донесен од претходната влада е нереален и најверојатно ќе биде ревидиран, ќе се намалат трошоците и зголемат даноците. Братушек сепак не даде повеќе детали за претстојната ревизија на државните финансии. „Факт е дека имаме проблеми, но го уверивме Брисел дека ќе продолжиме со реформите", рече словенечката премиерка.
Слично

Поврзани вести