Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОБНОВЕНО: Се решава судбината на Кипар

ОБНОВЕНО: Се решава судбината на Кипар

Отфрлен нацрт-законот за оданочување на банкарските депозити во Кипар. Вечерва триесет и шест пратеници во 56-члениот Парламент гласаа „против“, а 19 беа воздржани. Еден пратеник не беше присутен на седницата.

За време на гласањето кипарските демонстранти се собраа пред парламентот во Никозија и ги скандираа паролите „Кипар му припаѓа на својот народ“, „Независност - демократија - слобода“ . Како што соопштија грчките медиуми, претходно и повеќе кипарски пратеници исто скандираа пред Парламентот за да им дадат поддршка на демонстрантите. Претходно партијата на кипарскиот претседател Никос Анастасиадис најави ќе се воздржи од гласањето за непопуларниот спасувачки план на ЕУ, пренесе АФП. Приватната телевизија Сигма соопшти дека сите други политички партии ќе се воздржат да гласаат за планот кој предизвика масовно незадоволство во Кипар и негативни реакции од Русија. Претседателот на кипарскиот парламент ги повика пратениците да кажат "Не, на уцените“, пренесе АФП. Истовремено и Еврогрупата во подготвува вонредна седница за Кипар поради политичката криза во републиката, околу условите за спасувачкиот план. Грчкиот премиер Андонис Самарас ја одложи посетата на Финска, планирана од 22 до 24 март, поради случувањата во Кипар. Велика Британија пак соопшти дека испратила денеска во Кипар еден милион евра во готовина со воен авион за своите војници на островот, во случај банкоматите и дебитните картички да престанат да работат.
Слично

Поврзани вести