Се реактивираше иницијативата против барок на ГТЦ
Нов собир на граѓаните кои сакаат ГТЦ да го задржи постојниот архитектонски стил ќе се одржи на 28-ми декември. Од иницијативата „Го сакам ГТЦ“, најавија дека пред трговскиот центар ќе се одржи новогодишно топлење со жижици, со цел да се спречи реконструкција на овој објект во барок стил.
Нивната иницијатива денеска повторно беше реактивирана под мотото „Во Новата година со стариот Градски трговски центар“.
„Се надевам дека ќе ја добиеме поддршката од сите и на 28-ми, во рамките на таа предновогодишна забава, во тој амбиент да му посакаме на ГТЦ да остане ваков каков што е, отворен, убав, пристапен за сите и да му посакаме на градот во новата година да си биде со стариот ГТЦ“, рече Никола Писарев од оваа иницијатива.
Со сите легални средства за заштита на овој објект најави дека ќе се бори и Асоцијацијата на архитекти на Македонија.
Слично
