Се расчистува просторот каде синоќа се протестираше
Работници денеска работат на расчистување на просторот каде синоќа се протестираше во центарот на Скопје.
Нови прозорци се ставени на канцеларијата на претседателот Ѓорѓе Иванов. Револтираните граѓани синоќа на протестот палеа слики од Иванов. Синоќа беа искршени и прозорци на Министерството за правда, кое се наоѓа во непосредна близина на канцеларијата на претседателот. Заменети се и искршените стакла на Министерството за правда.
Демонстрантите синоќа маваа со јајца, камења, шишиња и други предмети.
Слично
