Се радикализираат протестите на средношколците – в понеделник бојкот на наставата!
Повеќе средни училишта в понеделник најавуваат бојкот на наставата. По примерот на учениците од скопските гимназии “Орце Николов” и “Кочо Рацин” кои вчера не седнаа во школските клупи, настава според Средношколскиот пленум нема да има и во останатите средни училишта. Овој чекор-велат учениците е резултат на сеуште игнорантскиот однос на надлежните кон незадоволството на илјадници ученици кои двапати и од улица им порачаа “Стоп за лошите реформи”. Според средношколците, бојкотот на наставата е само логично продолжение на нивното сериозно делување, кое велат го покажале преку нивните аргументирани барања доставени до ресорното министерство. Тие нагласуваат дека нивната подадена рака за преговори првите луѓе на министерството двапати ја одбиле, па оттука треба да очекуваат дека реалните проблеми овој пат ќе излезат на виделина. Радикализација на протестите најавуваат и средношколците во другите градови во Македонија.
“Средношколскит пленум на вториот оддржан марш во Скопје најави дека доколку не се оствари средба со Министерството за образование во рок од 24 часа, средношколците ќе преземат порадикални мерки.Иако наши претставнициви влегоа во Министерството за образование и наука, таму им беше соопштено дека и министерот и заменик министерот за образование и наука се на состанок и им беше даден број за контакт.Тоа се случи и на првиот марш, а се случи сега повторно.Повторно на секој начин се обидовме да стапиме во контакт со надлежните во министерството но бројот кој ни беше даден после вториот марш беше неточен, и иако вртевме на бројот што е оставен на веб-страната на министерството, сепак не успеавме да оствариме контакт” –вели Моника Пешевска од Средношколскиот пленум.
Средношколците вели Пешевска, ја осудуваат игнорантноста од страна на министерството бидејќи тоа е всушност игнорантност кон најголем број од средношколците. Протестите кои досега се оддржаа во повеќе градови во Македонија: Битола, Кичево, Струмица, Дебар, Неготино, Кавадарци, Куманово, Ресен, Велес, Виница, Тетово, Скопје, Македонски Брод се јасен показател за масовноста на Средношколскиот пленм, а радикалноста на нивните активности, според неа е само резултат на одлуката на надлежните да ги игнорира и да ја одбеднува средбата со Средношколскиот пленум.
“Средношколскиот пленум уште еднаш јавно ќе испрати порака до МОН да ги разгледа нашите барања и да ја прифати средбата со претставници од Средношколскиот пленум.Колку повеќе се одолговлекува оваа средба од страна на министерството, толку повеќе се зголемува незадоволството кај средношколците. Министерот има должност да ги сослушаат средношколците и Средношколскиот пленум.Остварувањето на средба е неопоходно за да може да се постигне некаков договор. Исто така според член 24 од Уставот на Република Македонија, став(1) стои дека секој граѓанин има право да поднесува претставки до државните органи и другите јавни служби и на нив да добие одговор.MOН е должно да ни го даде тој одговор, што досега не се случи”-вели матурантката Пешевска.
Масовноста на Средношколскиот пленум додава таа, се зголемува од ден на ден и со одбегнувањето на средба со претставници од Средношколскиот пленум , вели се одбегнува средбата со дел од оние за кои работи самото министерство. Како Средношкоски пленум препорачуваат дека нема да се откажат од нивните барања и дека ќе инсистираат на средба со раководството, се додека таа средба не се случи.
“Веќе ги искусивме недостатоците од екстерното тестирање и даваме добра аргументација за недостатоците и негативните последици кои ќе ги остави новиот концепт за полагање на државна матура и токму затоа порачуваме дека нема да замолчиме и нема да дозволиме проблемите во нашето образование се’ повеќе и повеќе да се продлабочуваат”-додава ученичката Пешевска од гимназијата “Раде Јовчески-Корчагин”.
Ставот на средношколците, а не на “Унијата” –пресуден за решенија на заедничка маса!
Од Пленумот велат дека нема да прифатат нивните ставови и аргументи да се поистоветат со оние делумни и наметнати договори на Средношколската унија која потсетуваат е неактивна веќе две години. Последниот состанок на Унијата велат бил оддржан на 16.12.2013 година и на оваа средба, според истражувањето на средношколците од Пленумот присуствувале само 34 претставници од 12 средни училишта од земјава.Оттогаш според средношколците се губи трагата на нивни активности.
“Според државниот завод за статистика на Република Македонија и нивното истражување во 2013-2014 година, во нашата земја има вкупно 113 редовни средни училишта.Исто така според истражувањето спроведено од страна на Младинскиот образовен форум “Капитулација, конфузија или отпор-Социјалниот капитал на македонските средношколци”[МОФ и Реактор, 2010] се увиде дека 70% од испитаните средношколци не се запознаени дека има средношколско огранизирање во нивните училишта, а 81% никогаш не учествувале во избор на средношколска унија.Како е можно организација која има статус на неактивна организација, организација во која не членуваат членови барем од половина од вкупниот број на средни училишта во нашата земја и организација за која најголем дел од средношколците не се информирани да изјавува дека е единствениот легитимен претставник на средношколците и при тоа да говори за нивните барања?Уште поголемо е прашањето како е можно оваа организација да говори дека е постигнато решение? “- прашуваат од Средношколскиот пленум.
Спогодбата која Унијата ја постигна според нив не е спогодба каква што сакаат средношколците да се постигне, а вториот протестен марш во Скопје кој се оддржа ден после изјавата на Унијата дека е постигнат договор со надлежните математиката да биде задолжителна само за учениците кои се определиле за природно-математичкото подрачје, е доволен доказ за незадоволство од одлуките имајќи го во предвид и фактот дека на маршот се појавија околу 3000 средношколци и граѓани. Ова велат учениците не се само празни флоскули и небитни бројки, туку податоци кои неможат да се сокријат. Втори протести се оддржаа и во Тетово, Прилеп и Виница, што е според учениците уште еден јасен показател дека средношколците не само што не се задоволни со постигнатиот договор со министерството, туку тие всушност не го бараат тоа што го постигна Унијата. Барањата на Средношколскиот пленум потенцираат, се јасни: враќање на стариот концепт за полагање на државна матура и ставање на екстерното тестирање во мирување
Средношколскиот пленум, објаснуват учениците, функционира преку принцип на директна демократија, при што во секоја донесена одлука учествуваат сите заедно и се донесува она за што мнозинството се согласува, бидејќи самиот поим пленумизација велат значи собир на луѓе, каде секој ќе има можност да го искаже својот став, секој да допринесе со својата мисла. Секое средно училиште има свој интерен пленум на кој се дискутира ставот на училиштето и потоа нивните претставници училишта се сретнуваат на состаноци со претставници од останатите училишта, при што ги изнесуваат заедничките ставови. Тие функционираат како заседание на здружени граѓани или јавно собрание.Средношколскиот пленум велат нема лидер, ниту пак некогаш ќе има бидејќи има хоризонтална структура и одлуките ги носат единствено средношколците со единствена цел: да бидат слушнати и да се исполнат нивните барања.
“Унијата на средношколци јавно го обвинува Средношколскиот пленум дека е со партиско-политичка цел.Пред се’ ние сме средношколци од кои повеќе од ¾ се малолетни лица и не можат да станат членови на политичка партија.Она што е најзначајно е тоа што нашите барања се однесуваат на образованието-она што најмногу го засега Средношколскиот пленум и за што ние и се залагааме.И иако Унијата не’ етикетира дека сме со партиско-политичка цел, таа ниту еднаш не приложи валидни докази за тие обвинувања и етикетирања.Тоа секако е резултат на немањето на тие докази бидејќи ние немаме никаква позадина-Средношколскиот пленум е иницијатива за да се покрене свеста на самиот средношколец и воопшто, на секој граѓанин за недостатоците и сериозните последици кои можат да ги остават реформите кои се воведуваат во средното образование.Средношколскиот пленум јавно ја повика Унијата на јавна дебата за да ги споредат своите аргументи и ставови.Унијата на средношколци не се огласи.Таа не се огласуваше и не се појави со никаков став до неодамна, односно таа се појави со свое барање после првиот марш кој го организира Средношколскиот пленум.И се покажа дека всушност нивното барање не е она што го бараат најголем дел од средношколците”-објаснува ученичката Моника Пешевска од скопската гимназија “Раде Јовчевски-Корчагин”.
Од Средношколскиот пленум порачуваат дека тие нема да се откажат од барањата, ниту од своето делување бидејќи имаат морална и општествена одговорност за себе и идните генерации, кои велат ќе ги трпат последиците од според нив, лошите образовни реформи. На два месеци пред крајот на учебната година, учениците, професорите и надлежните институции ќе бидат исправени пред предизвикот бојкот на наставата со сета сериозност која ја носи овој чекор. Средношколците уште еднаш апелираат до надлежните да седнат на заедничка маса и да ги чујат нивните аргументи за да се донесат нови сериозни законски решенија во интерес на сите засегнати страни. Нивната грижа, додаваат, ја делат и нивните родители и професори кои исто така ги подржуваат во нивните активности и идејата дека имаат право да бидат чуени од првите луѓе во министерството. Образовните политики според учениците, треба да се базираат на цврсти темели бидејќи сосема е сигурно дека непромислените чекори и евентуални промашувања можат да направат тешки и несогледливи последици на општеството во целина, но и на секој негов член.
С.Б.

Слично