Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се проверуваат јавните набавки во Струмица, дали е за ученички превоз?

Се проверуваат јавните набавки во Струмица, дали е за ученички превоз?

Инспектори од финансиската полиција денеска почнале со проверки на документацијата за јавни набавки во Општина Струмица.

Се разгледуваат тендерите за последните неколку години. Од Општината во писмена реакција информираат дека од страна на Општината и на нејзините служби, обезбедени и дадени на увид се сите неопходни документи. Од локалната самоуправа не прецизираа за кои јавни набавки се интересирале инспекторите,

„Не е првпат Општина Струмица да биде под инспекциски надзор од разни државни инспекциски служби. Тоа е дел од секојдневието во Општина Струмица, па така е и овојпат. Сите досегашни инспекциски контроли во Општина Струмица во изминатите години го покажаа законското работење на Општината и на градоначалникот, со што беше потврден епитетот на најтранспарентна општина во Република Македонија“- стои во реакцијата од Општина Струмица.

Не е потврдено дали денешната посета на инспекторите  е поврзана со тендерите за превоз на ученици за кои пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев, деновиве оддржа повеќе прес-конференеции при што обвини дека Општината плаќала неколкукратно повисоки суми за превозот на ученици.

Слично

Поврзани вести