Се проверува по чиј налог припадникот на ЕБР ги снимаше протетсите
Човекот кој синоќа го снимаше протестот на „Шарената револуција“ пред МТВ е припадник на Едницата за брзо распоредување, потврдуваат од МВР.
Ќе се преземат мерки за откривање по чиј налог ги снимал протестите. Ако се утврди злоупотреба ќе бидат преземени мерки против него.
Тој синоќа лажно се претстави и кажа дека снимал за Ал Џезеира и ББС, за да заработи откако дел од демонстрантите бараа да се легитимира.
ЕБР е под контрола на заменик министерот, Митко Чавков.
Слично
