Се продолжува вонредната управа во Агрокор
Судот во Загреб ја продолжи постапката на вонредната управа во Агрокор за уште три месеци, соопшти хрватскиот концерн.
Во соопштението на Агрокор се наведува дека судот во постапката на вонредна управа над должникот Агрокор и неговите зависни и поврзани друштва донел заклучок за продолжување на постапката на вонредна управа за три месеци, сметајќи го рокот од 10 април 2018та.
Вонредниот доверител Фабрис Перушко претходно предложил судот во Загреб да ја продолжи постапката за три месеци, а во образложението на причини за поднесување предлози е наведено дека на доверителите им е потребно дополнително време за завршување на текстот на нагодбата.
Слично
