Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ПРОДЛАБОЧУВА „ДУПКАТА“ МЕЃУ ИЗВОЗОТ И УВОЗОТ - ДЗС со најнови бројки за вкупната трговска размена за 2025 година

СЕ ПРОДЛАБОЧУВА „ДУПКАТА“ МЕЃУ ИЗВОЗОТ И УВОЗОТ - ДЗС со најнови бројки за вкупната трговска размена за  2025 година

Вкупната трговска размена во периодот јануари – декември 2025 година изнесува 19,5 милијарди евра, соопшти Државниот завод за статистика. 

Извозот на стоки достигнал вредност од 8 милијарди евра, при што бил забележан раст од 2,9 отсто во однос на истиот период лани.

Што се однесува пак до увозот, неговата вредност достигнува 11,5 милијарди евра и е зголемен за 4,4 проценти.

- Во периодот јануари – декември 2025 година, според вкупниот обем на размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 47,8 отсто во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 58,9 проценти во вкупната размена - се посочува во објавата на ДЗС. 

Трговската размена по производи, според Стандардната меѓународна трговска класификација, покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. 

Во увозот најзастапени се нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за пренос на лица.

Трговскиот биланс за минатата година или покриеноста на увозот со извоз достигнува 69,4 проценти. Вкупната вредност на трговскиот билнас изнесува 3,1 милион евра. 



Слично

Поврзани вести