Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ПРОДАВААТ ЛАЖНИ НЕГАТИВНИ ПЦР ТЕСТОВИ: Цената стигнува и до 800 евра

СЕ ПРОДАВААТ ЛАЖНИ НЕГАТИВНИ ПЦР ТЕСТОВИ: Цената стигнува и до 800 евра

Шест лица се уапсени во Србија бидејќи, освен што фалсификувале лични документи, изработувале и негативни тестови за ПЦР, а цената се движела од 100 до 800 евра, објави денеска српски Блиц.

Потврди за негативни ПЦР тестови најмногу се продавале во Ниш и во Врање, а според наводите на Блиц ги купувале луѓе кои патувале во европските земји.

Според изјави на некои од превозниците кои влегуваат во Македонија на граничниот премин Табановце, негативен ПЦР-тест се купувал многу лесно на бензинска пумпа во Врање за само 65 евра.

За вакви дела апсења има и во соседна Албанија, како и во Косово. Истовремено, пак, вчера изутрина на аеродромот во Скопје е приведен турки државјанин кај кого исто така е утврдено дека покажал лажен негативен ПЦР-тест. 


Слично

Поврзани вести