Се продава хотелот Hilton во Софија
Хотелот Hilton во Софија е на продажба. Како што пренесуваат бугарските медиуми, ирската групација Quinn Group, во чијашто сопственост е софискиот Hilton, поради финансиски проблеми го продава луксузниот хотел во бугарскиот главен град.Освен Хилтон во Софија, групацијата на продажба го нуди и хотелот Sheraton во Краков.
Според бугарскиот весник Капитал, американската консултантска куќа Jones Lang LaSalle веќе работи на продажбата на хотелот, кој би требало веќе до крајот на пролета да има нов сопственик.
Според весникот, двата хотели кои што ги продава ирската Quinn Group, се меѓу најатрактивните на групацијата. Компанијата влезе во софискиот Hilton во 2005 година и за помалку од една година откупи преостанатите акции и стана единствен сопственик на капиталот. Според ирските медиуми, за хотелот во Софија компанијата тогаш платила 40 милиони евра.
Според објавениот оглас за продажба, хотелот Hilton во Софија е претставен како еден од најдобрите инвестициски можности во Централна и Источна Европа. Како предност е тоа што во 2001 инвеститорите имаат потпишано 20 годишен договор за управување со светскиот бренд Hilton
Од консултантската компанија очекуваат интерес како од странски така и од локални купувачи.
Слично
