Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се продадоа акции на „ОКТА“

Се продадоа акции на „ОКТА“
Вчера на македонската берза се купени 72.000 обични акции во „Окта“ по цена од 410 денари и 21.561 приоритетна акција по 455 денари. Фондот за пензиско и инвалидско осигурување поседуваше 11 проценти од акционерскиот капитал на Окта, поради што на неговата сметка ќе легнат  730.000 евра. Почетната продажна цена беше 394 денари за акција. А книговодствената вредност на акциите на ОКТА изнесува 6.000 денари. Фондот на берзата ги продаде и акциите во 14 компании меѓу кои во „Грозд“ Струмица, ТЕАЛ Тетово, „Македонија филм“, „Жито Вардар“ од Велес , „Неметали“ Тетово, „Караорман“ од Скопје.  
Слично

Поврзани вести