Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се прочистува избирачкиот список, ДИК засега во полн состав

Се прочистува избирачкиот список, ДИК засега во полн состав

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски денеска имаше конструктивна средба со претседателот на ДИК , Александар Чичаковски и со потпретседателот, Реџеп Прекопуца.

Извори од Собранието велат дека се дискутирало за роковите и за  датумот на кој ќе се распишат изборите. Од ДИК информираат дека продолжуваат со активностите за прочистување на избирачкиот список. ДИК ќе треба да направи анализа како ќе постапува со речиси 40.000 гласачи кои се појавија како сомнителни, а кои не се  најдени дома при теренската проверка.

За сега, ДИК работи во полн состав. Двајцата членови избрани по предлог на СДСМ , велат дека ако партијата одлучи да ги повлече,  ќе ја почитуваат одлуката на партијата.

Тројца членови на ДИК од редот на експертите синоќа беа на разговори во канцеларијата на Европската унија, но детали не беа соопштени.

Слично

Поврзани вести